Top Sport

Тотенхем за 26 минути го „реши“ Кардиф (видео)

Tотенхем се врати на победите во Премиер лигата, откако стигна до убедливо рано водство на гостувањето кај Кардиф за да го комплетира 0:3 триумфот со три гола постигнати во првите 26 минути од мечот.

Хери Кејн постигна гол уште во третата минута од мечот во Велс, за да ја пополни колекцијата – сега има постигнато гол против сите противници во Премиер лигата. Во 12. минута Кристијан Ериксен зголеми на 0:2, за во 26. минута Сон Хеунг-Мин да го реши победникот во последниот новогодишен меч во Премиер лигата. По ова Тотенхем рутински го доведе мечот до крај.

Со победата, Тотенхем се искачи на второто место на табелата (барем до големото дерби во четврток меѓу Манчестер сити и Ливерпул) со 48 поени. Ливерпул е прв со 54, а Сити се трети со 47 поени. Кардиф се блиску до зоната за испаѓање на 16. место со 18 поени.

Scroll to Top