На „Боксинг деј“, англискиот третолигаш Сандерленд постави нов рекорд за посетеност на меч од Лига 1 со 46.039 гледачи на дуелот со Бредфорд. Денеска, тие покажаа дека знаат и да одат на гости!
Иако беше Нова Година, речиси 8.000 навивачи на „Црните мачки“ беа на „Блумфилд роуд“ да ги гледаат Сандерленд против Блекпул. Уште поимпресивно, на стадионот имаше 10.994 гледачи, од кои 7.804 (речиси тројно повеќе) беа гостински навивачи! Сандерленд им вратија со тесна 0:1 победа.
Ова значи дека тимот полека ја враќа довербата на навивачите, откако двапати едноподруго испадна од лигата – пред две години од Премиер лигата и лани од Чемпионшип. Ако сакате повеќе да дознаете за клубот од северот на Англија можете да ја погледнете серијата „Sunderland Till I Die“ на Нетфликс.
Today’s attendance is 10,994. There are 7,804 #SAFC fans.
Sensational! ???#SAFC #TurnBlackpoolredandwhite pic.twitter.com/8Ab8Ar8v3O
— Sunderland AFC (@SunderlandAFC) January 1, 2019
Повеќе луѓе го гледале Сандерленд во трета лига отколку Тотенхем на „Вембли“! (видео)