Top Sport

Валверде: Не знам што ќе правам следната сезона

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде призна дека не знае дали ќе остане во каталонскиот гигант и следната сезона, зголемувајќи ги шпекулациите дека Барса бараат нов тренер.

Валверде седна на жешката клупа минатата сезона и во првата година ја освои двојната шпанска титула, но доживеа и изненадувачко исфрлање од Лигата на шампионите од Рома. Оваа сезона, под 54-годишниот поранешен тренер на Атлетик Билбао, Барса исто така има добри резултати – се наоѓа на првото место во Ла лига и се пласираше во осминафиналето на ЛШ.

Тој има договор до 2019/20, но и тој и клубот имаат клаузула со која можат да го прекинат договорот една година порано и Валверде признава дека тоа може да се случи.

„Не знам што ќе правам следната сезона. Во светот на фудбалот, кој го знае тоа? Сите знаеме како функционираат работите и никогаш не размислуваме на долги патеки. За нас, два месеци се многу. Ако победиш, сите се среќни, но ако загубиш, сите те гледаат откосо. Сакам да бидам задоволен од мојата работа, а колку има до крајот, ќе видиме“, вели Валверде.

Фото: ЕПА

Scroll to Top