Top Sport

Фиорентина го „претрка“ Милан и го доби Муриел

Фиорентина го обезбеди потписот на колумбискиот напаѓач Луис Муриел на позајмица од Севилја, и покрај тоа што се веруваше дека тој ќе заврши во Милан.

Муриел стана најскапото засилување на Севилја откако дојде од Сампдорија за 22 милиони евра во јули 2017, но не се снајде најдобро во Ла лига, постигнувајќи само седум гола во 29 настапи минатата сезона. Под новиот тренер Пабло Мачин, 27-годишниот Колумбиец имаше само шест натпревари во Ла лига, а неговото место го преземаа Висам Бен Једер и Андре Силва.

Муриел доаѓа на „Артемио Франки“ како позајмен играч, но Виола ќе може да го обезбеди неговиот потпис на крајот на сезоната за 13 милиони евра. Фиорентина е четврти италијански клуб за Муриел по Лече, Удинезе и Самп.

Фото: ЕПА

Scroll to Top