Торонто Репторс славеа против Јута Џез 122:116. На натпреварот одигран во Канада, тројца играчи поставија лични рекорди.
Еден од најдобрите играчи во НБА лигата, Каваи Ленард, беше најефикасен на натпреварот со 45 поени. За поранешниот играч на Сан Антонио Спарс ова е рекорд во досегашната кариера.
Личен рекорд забележа и неговиот соиграч Паскал Сијакам (28 поени и 10 скока).
Најдобриот меч во кариерата го одигра и крилниот играч на Јута, Џеј Краудер (30 поени). Покрај Краудер кај Јута се истакнаа и Дерик Фејворс (21 поен), односно Дониван Мичел (19 поени).
Репторс со скор од 28 победи и 11 порази се наоѓаат на второто место во источната конференција, додека Јута се на 11.место во Западната конференција со 18 победи и 20 порази.