Top Sport

Надал се откажа од турнирот во Бризбејн, му „виси“ и настапот на Австрлија опен

Рафаел Надал се повлече од АТП турнирот во Бризбејн, Австралија. Шпанецот има проблеми со бутниот мускул.

Надал, на овој турнир од серијата 250, беше слободен во првото коло, а во второто требаше да игра против Жо-Вилфред Цонга. Откако тој се откажа, организаторот како негова замена го постави Таро Даниел.

foto: epa

„Ова е мал проблем што може да стане голем. Се чувствувам подобро него што тоа беше случај пред неколку дена, но не сакам да ризикувам, бидејќи постои опасност да го пропуштам турнирот во Мелбурн“, порачал Надал.

Шпанецот. минатата година, поради повредите на колкот, коленото, стомачниот ѕид и глуждот, настапи на само девет турнири, а успеа да победи на четири од нив.

Scroll to Top