Кејлор Навас е подготвен да го напушти Реал во јануарскиот преоден рок. На „Инстаграм“, Костариканецот објавил фотографија, која асоцира дека се збогува со Мадрид.
На фотографијата, направена во минатото, Кејлор Навас се поздравува со навивачин а Реал. Под фотографијата Навас напишал: „Во благодарам“.
Навас го засили Реал по Светското првенство во 2014 година, кога со Костарика стигна до четврт-финалето. Во периодот од 2015 до 2018 година го бранеше голот на Реал и успеа да освои три титули во Лигата на шампионите.
Во зимскиот преоден рок во 2016 година, тој требаше да биде трејдуван во Манчестер Јунајтед за Давид Де Хеа, но трансферот пропадна во последен момент.
Оваа година остана без својата позиција откако во клубот од Челси пристигна Тибо Куртоа.
Навас има 32 години, а според медиумите, најсериозен интерес за неговите услуги покажуваат Рома и Арсенал.