Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во средата, изјавил дека организацијата и понатаму ја разгледува можноста за проширување на бројот на учесници на Светското првенство во Катар, во 2022 година.
Според претходните најави СП во Катар требаше да биде последно со 32 репрезентации, но Инфантино не се откажува од идејата во 2022 година на Мундијалот да учествуваат 48 репрезентации.
„СП ќе се одржи во Катар со 32 репрезентации. Но доколку можеме да ја зголемиме бројката на 48 и да направиме светот да биде среќе, тогаш треба да се обидеме. Ако мислите дека е добро да иgраат 48 селекции на СП, зошто тогаш тоа да не го направиме четири години порано? Поради тоа започнавме да правиме анализи дали е возможно во 2022 година да имаме 48 репрезентации што ќе играат на СП“, рекол Инфантино.
Првиот човек признава дека за такво нешто на домаќинот Катар ќе му биде потребна и помош од соседните земји од Персискиот залив. Тоа е проблемот за Инфантино и неговата идеја, бидејќи Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет, во 2017 година ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи ја оваа држава дека ги поддржува „терористичките движења“.
Конечната одлука околу бројот на учесници на СП во 2022 година ФИФА ќе ја донесе за околу три месеци.
Светското првенство во Катар ќе се одржува од 21.ноември до 18.декември 2022 година.