Првите луѓе на Ливерпул подготвуваат понуда за голгетерот на Лајпциг, Германецот Тимо Вернер (22) доколку тој го отфрли предлогот на германскиот тим за продолжување на соработката, информира англиски „Метро“, повикувајќи се на извори од Германија.
Напаѓач веќе постигна 11 гола сезонава, па раководството на Лајпциг се обидува да го задржи Вернер на подолг рок.
Црвените од „Енфилд“ се надеваат дека можат да дојдат до услугите на младиот фудбалер за релативно ниски 36 милиони фунти.
Дополнителна пречка за Ливерпул е што Германецот е фан на лутиот ривал, тимот на Манчестер Јунајтед.
„Манчестер Јунајтед и Ливерпул беа тимовите кои ги гледав релативно често во Англија. Во Ливерпул на „Енфилд“ атмосферата е неверојатна, но ако морам да изберам, повеќе сум за Манчестер Јунајтед отколку за Ливерпул“ – изјавил Вернер.