Артуро Видал немаше најдобра 2018 година, откако по трансферот во Барселона налета на многу фрустрации со тренерот Ернесто Валверде, и Чилеанецот ја заврши годината со луда прослава во своето родно Чиле.
Видал постави неколку моменти од неговата новогодишна прослава, а најбизарниот момент дојде кога тој запали петарда во задникот на неговиот пријател.
„Ако умрам, умрам“, вели неговиот пријател пред палењето. За среќа такво нешто не се случи.