Top Sport

Барос Скелото ќе му биде тренер на Ибра во Галакси

Поранешниот прв човек на Бока јуниорс, Гијермо Барос Скелото е нов тренер на Лос Анџелес галакси, откако аргентинскиот гигант не му го продолжи договорот на тренерот по поразот во финалето на Копа Либертадорес од Ривер Плата минатиот месец.

45-годишниот Барос Скелото освои две титули од аргентинската Примера дивизион со Бока во 2016/17 и 2017/18, а во 2016 година го предводеше тимот до полуфиналето од Копа Либертадорес.

„Почестен сум што станувам тренер на најтрофејниот клуб во МЛС лигата. Ова е огромна шанса за мене и едвај чекам да почнам со работа“, вели Барос Скелото.

Аргентинецот се враќа во МЛС, каде што играше четири сезони со Колумбус кру од 2007 до 2010 година, освојувајќи го МЛС купот во 2008. Сега, тој ќе има задача да го врати Галакси во форма, откако во 2018 година не стигнаа до плеј-офот и покрај тоа што новото засилување Златан Ибрахимовиќ постигна 22 гола.

Scroll to Top