Top Sport

Кинезите даваат 50 милиони евра за „утката“ Малком

Кинескиот клуб Гуангжу Евергранде дал понуда од 50 милиони евра за напаѓачот на Барселона, Малком, објавува порталот „Гол“, откако Бразилецот не се снајде по трансферот од Бордо во текот на летото.

Малком дојде во Барселона од Бордо, иако претходно се договори со Рома, откако Каталонците исплатија 41 милиони евра за услугите на напаѓачот, но тој има само 9 настапи во првиот тим и само два гола. 21-годишниот Бразилец исто така си ги намали шансите да влезе во репрезентацијата на шест месеци пред стартот на домашната Копа Америка.

Евергранде, каде што тренер е поранешниот италијански фудбалер, Фабио Канаваро, бараат замена за уште еден Бразилец, Алан, кој најверојатно ќе заврши во Галатасарај во јануари. Во Гуангжу, Малком би играл со уште еден „отпадник“ од Барса, Паулињо.

Како Барса им го „грабна“ Малком на Рома?

Scroll to Top