Top Sport

Продолжува „препородот“ на Јунајтед, Челси без минуција, гол-шоу во Бурнемаут (видео)

Додека другите фудбалски земји им дозволија на своите ѕвезди да одморат пред вториот дел од сезоната, фудбалот во Англија не престанува во вечер во која имаше шест натпревари од Премиер лигата.

Оле Гунар Солксјер ја забележа и четвртата победа на чело на Манчестер јунајтед по тешко извојуваната 021 победа на гости на „Сент Џејмс Парк“ кај секогаш незгодните Њукасл јунајтед, Челси немаше муниција со Саутемптон (0:0), додека Бурнемаут и Ватфорд приредија гол-шоу (3:3).

Ромелу Лукаку, конечно, се запиша во листата на стрелците за „ѓаволите“, откако во 64. минута ја искористи лошата реакција на голманот на Њукасл, Дубравка, а кам-бек кај „црвените“ имаше и Алексис Санчез, кој одлично му асистираше на Маркус Рашфорд во вториот гол во 80. минута.

Јунајтед останува на шестата позиција во Премиер лигата со 38 поени, три помалку од петопласираниот Арсенал и шест помалку од Челси, кои повторно загубија поени по ремито без голови со Саутемптон.

Најмногу голови во ова новогодишно коло имаше во Бурнемаут, каде што домашните двапати се враќаа од воство на Ватфорд за 3:3 реми. Многу голови имаше и во Лондон, каде што Вест хем и Брајтон одиграа 2:2.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 21.КОЛО

Бурнемаут – Ватфорд 3:3

Челси – Саутемптон 0:0

Хадерсфилд – Барнли 1:2

Вест хем – Брајтон 2:2

Вулверхемптон – Кристал палас 0:1

Њукасл – Манчестер јунајтед 0:2

Фото: ЕПА

Scroll to Top