Top Sport

Прекинат натпревар во Алжир, повредени 60 лица (Видео)

Повеќе од 60 лица, меѓу кои 45 полицајци, биле повредени во насилствата што избиле на фудбалски меч во Купот на Алжир.

За време на натпреварот помеѓу екипата на Алжир од главниот град и и клубот од Муса, се случиле неколку инциденти. Натпреварот бил прекинуван неколку пати, а на крајот главниот судија проценил дека на играчите не им е гарантирана безбедноста и означил крај на натпреварот.

Навивачите со разни предмети фрлале по играчите, а на крајот тие се судриле со полицијата. Органите на редот за да ја разбијат толпата морале да фрлат солзавец.

Scroll to Top