Советникот на претседателот на ФИФА Џани Инфантино, Звонимир Бобан, најавил дека оваа организација ќе го укине Светското клупско првенство. ФИФА и покрај сите напори не успеа од клупскиот мундијал да направи елитно натпреварување.
Поради тоа победата на Реал, пред две недели, во Обединетите Арапски Емирати, речиси и да не одекна во фудбалскиот свет.
Одо ова никој не е задоволен. Време е да се откажеме од турнирите што не се на нивото на ФИФА (Куп на Конфедерации, Светско клупско првенство) и да створиме Светско првенство за клубови што ќе се игра на секои четири години“, рекол Бобан во интервју за „Скај спорт“.
Тој на јавил дека во новото натпреварување би учествувале 12 европски и 12 екипи од другите континенти.