Top Sport

Сари не бил известен за трансферот на Пулишиќ

Тренерот на фудбалерите на Челси, Маурицио Сари, на новинарите им открил дека не знаел за плановите на клубот во врска со Кристијан Пулишиќ. Ова значи дека во Челси се повторува историјата, бидејќи во претходните две години со вакви проблеми се соочувал и Антонио Конте.

Челси, поточно спортската директорка Марина Грановскаја, вчера за 64 милиони евра го донесоа на „Стенфорд Бриџ“, Кристијан Пулишиќ до Борусија Дортмунд. Младиот крилен напаѓач, според договорот на клубовите, до крајот на сезоната ќе остане во Дортмунд, а потоа ќе се пресели во Лондон.

„До вчера, не знаев ништо околу трансферот на Пулишиќ. Пред еден месец ме прашаја какво е моето мислење за овој играч. Мојата оценка беше позитивна, а потоа вчера дознав дека трансферот е завршен“, открил Сари за Би-би-си не криејќи дека е изненаден што не бил вклучен во преговорите.

„Не сум информиран за трансферите. Можам да го советувам раководството, но не сум одговорен за преодниот рок и поради тоа не би го коментирал доаѓањето на Пулишиќ“, заврши тренерот на Челси.

Официјално: Челси платија 64 милиони евра за Пулишиќ

Scroll to Top