Top Sport

Манчестер Јунајтед на засилувања ќе трошат 200 милиони фунти

Четирите победи во исто толку натпревари што ги забележаа фудбалерите на Манчестер Јунајтед под палката на Оле Гунар Солскјер, ќе ја испразни клупската каса. Според медиумите, челниците на клубот, ќе му овозможат да биде активен во зимскиот преоден рок за да ја засили дефанзивната линија.

Наводно, Манчестер Јунајтед, подготвиле 200 милиони фунти за засилувања, како примарни цели се означени Калиду Кулибали, Матијас Де Лихт и Тоби Арделвирелд.

Најскап од оваа тројка е Сенегалецот Кулибали, кој неодамна го продолжи договорот со клубот. Во новиот договор помеѓу Наполи и Кулибали нема постои клаузула за откуп. Се шпекулира дека Јунајтед може да го добие овој играч за сума од околу 110 милиони евра.

Втор на списокот е супер-талентот од Ајакс, Де Лихт. За овој играч интерес покажуваат и други финансиски моќни тимови што значи дека Јунајтед ќе треба да платат помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Најефтин е искусниот Белгиец од Тотенхем, Арделвирелд, чија откупна клаузула наводно била околу 25 милиони евра, но од „Олд Трафорд“ биле подготвени да платат и 40 милиони евра само да го добијат неговиот потпис.

Scroll to Top