Првиот тенисер во моментов на АТП листата, Србинот Новак Ѓоковиќ со проблеми го почна и денешното четвртфинале во Доха против Грузиецот Николос Басилашвили (21-ви на АТП листата), исто како и вчера кога во осминафиналето го победи со пресврт Унгарецот Мартин Фучович.
Ѓоковиќ слабо влезе во мечот, па затоа го загуби сетот со 4-6 .
Во вториот сет првиот ас во светскиот тенис заигра посигурно и веќе во вториот гем го зема сервисот на противникот, па понатаму работата одеше по планот, освоен сет со 6-3 и 1-1 во сетови.
Во третиот одлучувачки сет и Басилашвили и Ѓоковиќ ги загубија првите свои сервиси, но Србинот беше поодлучен до крајот и успеа со уште еден брејк да го реши противикот и да го земе сетот во своја полза со 6-4.
Со ова Ѓоковиќ по 2 часа игра обезбеди финале во Доха каде ќе игра против Шпанецот Баутиста Агут, кој е 24 на светската тениска листа, a денеска лесно се справи со Вавринка за полуфинале со Новак.
https://youtube.com/watch?v=CMEE_W00MiI