Менаџерот на Рединг, Жозе Гомеш вели дека не е импресиониран од стартот на Оле Гунар Солскјер од четири победи во низа на клупата на Манчестер јунајтед, велејќи дека поради квалтитетот на фудбалерите, воопшто не е важно кој го предводи тимот.
Португалецот Гомеш, кој 20 години беше соработник на претходникот на Солксјер, Жозе Мурињо, со својот второлигаш ќе се соочи против Јунајтед на „Олд Трафорд“ во сабота во третото коло од ФА купот, откако Солскјер го израмни стартот на Мет Базби со четири победи во првите четири меча по отказот на Мурињо. Гомеш не е посебно импресиониран.
„Тие фудбалери, според моето мислење, би победувале и без никого на клупата. Не можете да кажете дека сега се посилни од претходно. Не е важно кој им е менаџер, тие можат да победуваат“, вели Гомеш.
Тој, затоа, немаше доволно пофалби за својот сонародник Мурињо, иако призна дека нема да бара совети како да го победи Јунајтед.
„Се работи за голем тренер и многу е тешко да се стигнат неговите остварувања. Не знам што се случи во Јунајтед. Јас го почитувам многу“, вели Гомеш.
Неговите Рединг се на 23. место (претпоследно) во Чемпионшипот и немаат победа во 10 меча. Гомеш стана тренер на 22 декември.
Фото: ЕПА