Top Sport

Сорентино ја побара девојката за сопруга со голмански ракавици!

Без дијамантски прстени и други скапоцености. Голманот на Киево Верона, Стефано Сорентино ја побара својата свршеница Сара Руџери за сопруга само со неговите голмански ракавици.

39-годишниот Сорентино романтичната порака ја напиша на своите вообичаени ракавици: „Сара, дали ќе се омажиѓ за мене“ и ја сподели фотографијата на Инстаграм. Таа, секако, кажа да, и сега на ред е планирањето на свадбата.

Сорентино зад себе има повеќе од 20 години професионален фудбал, откако играше во младинските тимови на Лацио и Јувентус, пред да дебитира со тимот на Торино. Потоа, тој бранеше во АЕК во Грција и Рекреативо Хуева во Шпанија, пред да дојде во Киево. По пет сезони, тој беше голман на Палермо, каде што остана три години, пред да се врати во Верона во 2016 година.

View this post on Instagram

BUON NATALE! ?

A post shared by STEFANO SORRENTINO ? (@stefanosorrentino) on

Сорентино ќе го памети дебито на ЦР7 откако заврши во болница

Scroll to Top