Top Sport

ФА куп: Челси ги мина „шумарите“, Кардиф испадна (Видео)

Фудбалерите на Челси го минаа Нотингем Форест во третото коло на ФА купот. Во попладневниот термин изненадувањето го направија играчите на Гилингам кои го елиминираа членот на Премиер лигата, Кардиф.

Челси без некои поголеми проблеми го доби дуелот со Нотингем Форест, иако првото полувреме заврши без голови. Во првиот дел најголемата шанса ја имаше Сеск Фабрегас кој не успеа да реализира пенал во 30.минута, кој го избори Лофтус-Чик.

За Фабрегас овој меч беше последен во дресот на Челси.

Второто полувреме го обележаа младиот Хадсон-Одои и Алваро Мората. Крилниот играч два пати, во 49. и 59.минута му асистираше на Шпанецот, кој ги постигна двата гола за Челси.

Резултати:

Акрингтон-Ипсвич 1:0
Астон Вила-Свонси 0:3
Болтон-Валсал 5:2
Брентфорд-Оксфорд 1:0
Дерби каунти-Саутемптон 2:2
Евертон-Линколн 2:1
Флитвуд-Вимблдон 2:3
Гилингем-Кардиф 1:0
Мидлзброу-Питерборо 5:0

Scroll to Top