Top Sport

Вигинс доби максимален договор од Минесота, 146,5 милиони долари за пет години

Крилниот играч на Минесота Тимбервулвс Ендру Вигинс потпишал петгодишен договор со клубот за максимални 146,5 милиони долари.

Канаѓанецот во 2014 година беше прв пик на драфтот избран од Кливленд Кавалирс, кои веднаш го трејдуваа во Минесота за Кевин Лав.

Во изминатите три сезони Вигинс во просек има учинок од 20,4 поени, 4,1 скокови, 2,1 асистенции и една украдена топка по натпревар.

Изминатата сезона е најдоба во неговата кариера, со просечни 23,6 поени, четири скокови, 2,3 асистенции и една украдена топка по натпревар.

На пет натпревари постигна повеќе од 40 поени, а минатиот ноември против ЛА Лејкерси постигна рекордни во кариерата 47 поени.

Вигинс досега има постигнато 4.995 поени, а само тројца играчи пред својот 22 роденден постигнале повеќе кошеви: Леброн Џејмс, Кевин Дурент и Кармело Ентони.

Вигинс беше најдобар руки во сезоната 2014/2015. н.ц.

Scroll to Top