Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Фил Џонс е познат по неговите фантастични фотографии во кои неговиот израз на лицето секогаш е во прв план, но во саботата тој успеа да се надмине и самиот себеси.
Во мечот на „Олд Трафорд“ од ФА купот против Рединг, дојде класичниот момент на Џонс – тој удри со лицето на теренот. По овој инцидент, Јунајтед отпатуваа во Дубаи на тренинзи на топло време, и фотографијата која ја објавија јасно покажа дека тој има модринка на челото.
Fans notice burn on Phil Jones’ head after comedy faceplant https://t.co/m9DMMCxHqs pic.twitter.com/4aXtP9WV6U
— Sun Sport (@SunSport) January 6, 2019