Top Sport

Рено со охрабрувачка најава – најголем скок во перформансите на моторот

Шефот на Рено Ф1, Сирил Абитебул тврди дека скокот во перформансите во текот на зимата е „најголемиот остварен досега“ од страна на францускиот производител пред стартот на зимското тестирање во 2019, бидејќи дополнителните ресурси го направиле своето.

Минатата сезона, со Нико Хилкенберг и Карлос Саинс Јуниор зад воланот, Рено стигна до четвртото место во генерален пласман како „најдобри од останатите“ зад водечкото трио Мерцедес, Ферари и Ред бул. Во 2019 целта е да се направи напад на лидерите.

„Гледаме забрзување насекаде. Подобрувањето на моторот е многу поголемо од сите досегашни, а и во воздушниот тунел имаме ветувачки резултати, иако треба да бидеме внимателни со најавите. Сепак, не можам да не го споменам забрзувањето на сите полиња – од развојот, дизајнот, производството…“, вели Абитебул во интервју за „Аутоспорт“.

Рено за следната година успеа да го убеди Даниел Рикардо да направи трансфер од Ред бул, и Абитебул вели дека зголемените средства на тимот ќе помогнат и во развојот на болидот во текот на сезоната.

„Болидот со кој работевме во 2018 е слика на тоа каде бевме како тим пред 18 месеци. Во болидот кој ќе го видиме за 2019 година, поминаа две генерации на луѓе и сега имаме ниво на ресурси со кои ќе се бориме за висок пласман“, вели Абитебул.

Scroll to Top