Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, по шокантниот пораз од Реал Сосиедада (0:2), рекол дека на тимот му фалат многу работи за да се врати на победничките патеки.
„Не постигнуваме голови, не сме сплотени кога сме на теренот, примаме лесни голови дури и на домашен терен, а не постигнуваме доволно.Мораме да седнеме и да разговараме, да го лоцираме проблемот. Ова не е нормално, не ни се случило еднаш туку многу пати. Мораме да најдеме решение, многу фудбалери не се на своето ниво“, изјавил Модриќ и дополнил.
„Лично мислам дека морам да играм многу подобри и да ја преземем одговорноста. Ова се тешки моменти за клубот, но вакви моменти треба да не обединат“.
Најдобриот играч во светот рекол дека тренерот не е виновен за она што им се случува на играчите на теренот.
„Солари работи одлично, но не може тој да влезе и да постигне гол, ние треба да играме подобро. Не смееме повеќе да киксираме…Верувам во тренерот, не треба сега него да го посочиме како виновник, сите мора да се погледнеме во очи“, завршил Модриќ.
Реал, во моментов е на петтото место во Примера со 30 бода, десет помалку од Барселона. Во наредната рунда Реал ќе гостува кај Бетис.