Бенжаман Павар, десниот бек на Штутгарт, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Баерн Минхен. Информацијата ја потврди клубот на социјалните мрежи.
„Можам да потврдам дека го комплетиравме трансферот на Павар од Штутгарт. Тој ќе ни се приклучи на 1.јули“, рекол спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ.
За трансферот на светскиот првак со Франција, Баерн издвоиле 35 милиони евра.
Павар со најтрофејниот германски клуб потпишал петгодишен договор.