Белгискиот голман, Тибо Куртоа заработил повреда на мускулот, па ќе мора да биде надвор од терените, пренесува шпанска „Марка“. Принудно меѓу стативите ќе мора да застане Кејлор Навас кој беше на прагот да го напушти Мадрид, но сепак реши да ја продолжи верноста кон клубот во кој го загуби првотимскиот статус.
Проблемите што тренерот Солари ги има со резултатите на клубот се поврзани и со бројните повреди на дел од клучните играчи.
По повредата на Љоренте, надвор од стројот беше Бејл, по што следуваше пауза поради повреда на Тони Крос, а последен на долгата листа повредени сега се најде и Куртоа.
Се очекува Белгиецот да биде надвор од стројот половина месец, па најверојатно Навас ќе биде „прва единица“ на следните 3 меча, двата во купот што Реал ќе ги одигра против Леганес и прволигашкиот меч против Бетис.
Injury rules Courtois out for 10 days to two weeks https://t.co/9K2SpLIPEd #RealMadrid pic.twitter.com/cW5t5jDc59
— AS English (@English_AS) January 9, 2019