Шахистите на „Алкалоид“ победија, додека нивните колеги од „Гамбит Асеко“ забележаа пораз во рамките на четвртото коло на Европскиот клупски куп во Анталија, Турција.
Бранителот на титулата „Алкалоид“ убедливо славеше над Ница со 5:1. Победи за актуелниот европски шампион забележаа Динг Лирен, Дмитри Андрејкин, Ју Јангји, Димитри Јаковенко и Јури Криворучко, додека мечот на втората табла го загуби Павел Ељанов.
„Гамбит Асеко“ против руската екипа „Глобус“ освои само половина поен и го забележа првиот пораз на Европскиот клупски куп. „Гамбит Асеко“ загуби со 0,5:5,5, а единственото реми го одигра Марјан Митков.
По четири кола „Алкалоид“ се наоѓа на четвртото место со 18 поени, 1,5 поени помалку од лидерот „Глобус“, додека „Гамбит Асеко“ е на деветтото место со 14 поени.