Фудбалерите на Валенсија и Валјадолид одиграа без победник 1:1 во рамките на 19.коло, во Ла Лига. Ова беше 11.нерешен резултат за Валенсија од почетокот на сезоната, што е рекорд во најсилните европски првенства.
Валенсија од почетокот на годината има одиграно три натпревари и се уште се без победа. По ова реми разнишани се позициите што во тимот ги има тренерот Марселино.
Првото полувреме кое го одиграа овие два тима на „Местаља“ беше најлошото сезонава во Ла Лога. Валенсија и Валјадолид за 45 минути не упатија ниту еден удар во рамките на двата гола.
Во вториот дел Валенсија имаше пенал, но Масип во 54.минута го одбрани шутот на Родриго Морено.
Капитенот Дани Парехо донесе предност за Валенсија во 71.минута. Конечниот резултат го постави Рубен Алкараз во 82.минута. Играчот на Валјадолид постигна спектакуларен гол од слободен удар. Тој во стилот на најголемите мајстори го совлада Нето со удар од 26 метри.