Top Sport

Дегенек си замина од Црвена ѕвезда

Милош Дегенек од Црвена ѕвезда го официјализираше трансферот во Ал Хилал, во Саудиска Арабија. Од трансферот на репрезентативецот на Австралија шампионот на Србија заработи три милиони евра.

Водечката екипа во првенството на Саудиска Арабија ја актiвира откупната клаузула во договорот на дефанзивецот, објави Црвена ѕвезда на социјалните мрежи.

Дегенек има 24 години и беше еден од најзначајните играчи на Црвена ѕвезда во нејзиниот поход кон пласманот во фазата по групи во Лигата на шампионите. Во есенскиот дел од сезоната тој одигра 33 натпревари.

Во Црвена ѕвезда Дегенек пристигна од редовите на Jокахама, а во кариерата бил играч и на Минхен 1860.

Scroll to Top