Полскиот фудбалски репрезентативец, член на минхенски Баерн, Роберт Левандовски работно ја поминува зимската пауза во Бундес лигата.
Фудбалерот, според видеата и фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, сака пролетниот дел од сезоната да го дочека во полна сила.
Многумина коментираат дека Левандовски секој момент го поминува во вежбалните за кревање тегови, па евидентно е дека „се проширил“.
Поради најновите фотографии од неговиот бицепс многумина го споредуваат со Хулк, Терминатор, Шварценегер…
Погледнете:
Looks like #Lewandowski didn't left the gym during the winter break ? pic.twitter.com/N9KQtGIvHN
— Fernando!… ⚽ (@Fernando__FCB) January 12, 2019