Атлетико Мадрид попаднево минимално со 1-0, со гол на Гризман од пенал во 56 минута го совлада Леванте на нашиот репрезентативец, Енис Барди во 19 коло од Примера.
Дуелот кој се одигра на стадионот „Ванда Метрополитано“ лесно можеше да биде отворен уште во првото полувреме, затоа што Витоло во 10 минута погоди за 1-0, но ВАР технологијата покажа фаул за Леванте и погодокот беше поништен.
Доминацијата на домачините се исплатеше, па во вториот дел по една нафрлена топка во срцето на петерецот на Леванте, дефанзивецот Вукчевиќ играше со ракa, па Атлетико доби удар од 11 метри.
Стрелец Антоан Гризман за 1-0, што се покажа како конечен резултат.
До крајот гостите двапати преку нашиот репрезентативец имаа шанса за реми, но Барди првин биеше над голот на Облак, а потоа беше добро изблокиран.