Францускиот ракометен ас, Никола Каработиќ порано од очекувањата ја санираше повредата и веќе и се приклучи на француската репрезентација на Светското првенство во Германија и во Данска. Сепак, сеуште не се знае дали ќе заигра и колку ќе може да им помогне на репрезентативните колеги.
Францускиот селектор, Дидие Динар вели дека треба да го тестираат Карабатиќ колку е подготвен да помогне.
„Многу важен играч е, но мора прво да видиме дали е воопшто подготвен да и се приклучи на екипата“ – изјави Динар.
Сепак ракометарот е полн со оптимизам.
„Мојата цел е да помогнам пет, десет или петнаесет минути. Затоа сум овде. Дури и во сосема мала улога ќе бидам најсреќен на светот ако можам да и помогнам на мојата репрезентација“ – изјави Карабатиќ.
Франција на СП во првото коло го победи Бразил со 24-22, а во второто коло ја совлада Србија со 32-21.
До крајот на групната фаза им преостануваат дуелите против Кореја, Германија и Русија.