Top Sport

Рафа начека новинар како спие на пресот, но не се налути (видео)

Рафаел Надал го мина првото коло на Австралија опен со 6:4/6:3/7:5 победа над Австралиецот Џејмс Дакворт, а на прес-конференцијата начека еден италијански новинар како спие и не можеше да остане ладнокрвен.

„Денеска не е интересно, нели?“, се запраша Надал, по што додаде: „Убалдо, знам дека ги затвараш очите за да бидеш пофокусиран на тоа што го кажувам“.

Инаку, се работеше за италијанскиот новинар Убалдо Сканагата, ветеран на светскиот тенис, кој повеќе од 20 години ги покрива гренд слем турнирите преку неговиот сајт „Убитенис“.

На веб-сајтот, со мала доза на иронија посочија дека се работи за умор поради пристигнувањето во Австралија со авион, но додадоа дека „Убитенис прави сѐ да го направи тенисот поинтересен“.

Scroll to Top