Top Sport

Мората само во Атлетико би прифатил помала плата

Напаѓачот на Челси, Алваро Мората е подготвен да добие значително намалување на платата, само да замине од Англија и да се приклучи на Атлетико Мадрид, откако стана јасно дека Севилја се откажа токму поради оваа причина од Шпанецот, јавува „Марка“.

Мората никогаш не успеа да се вклопи во лондонскиот клуб и покрај фантастичната форма која ја покажуваше како фудбалер на Јувентус и Реал Мадрид, но како замена. И покрај тоа што имаше доста тимови заинтересирани за потписот на Шпанецот, годишната плата од 9 милиони евра одбива повеќе од нив, и според шпанските медиуми тој е веќе во Мадрид во обид да склопи договор со Атлетико, клубот за кој играше во младинските категории.

Според „Марка“, претседателот на Атле, Енрике Серезо ќе мора да се ослободи од некого пред да го купи Мората – со голема веројатност тоа да е Желсон Мартинс или Никола Калиниќ. Мората јасно му порачал на Серезо дека само за Атлетико е подготвен да игра за помалку пари.

Фото: ЕПА

Scroll to Top