Top Sport

Шпанија, Франција, Данска и Шведска со рутински пласман во втората фаза

Фаворитите на Светското првенство во Германија и Данска немаа проблеми да ги забележат третите победи во третото коло на Мундијалот и да обезбедат пласман во наредната групна фаза.

Во нашата група Б, Шпанија дозволи Јапонците да имаат полувреме на кое отидоа со предност (10:11), пред на крајот да стигнат до 26:22 победа за трет триумф во низа пред дуелите со Македонија и Хрватска. Феран Соле повторно беше најефикасен со шест гола, пред Рубен Ентрериос со пет гола во меч во кој „фуријата“ се штедеше.

И Французите имаа слабо прво полувреме, пред на крајот со 34:23 да ја победат обединетата Кореја и да се вратат на првото место во групата А, со поен пред Германија и два поени пред Русија. Кентин Мае беше најефикасен со шест постигнати голови, додека по четири имаа Н’Гесан, Ремили и Абало.

Домаќините Данска го „торпедираа“ тимот на Саудиска Арабија со 34:22 за да останат на врвот на групата Ц заедно со нордиските ривали Норвешка со максимален учинок, додека Швеѓаните немаа проблем со Ангола за 37:19 победа и сега се први во групата Д пред Унгарија и Катар. Ландин имаше седум гола за Данците, а Нилсен и Закариасен по пет гола.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 3.КОЛО

ГРУПА Б

Исланд – Бахреин 36:18 (16:10)

Македонија – Хрватска 22:31 (11:16)

Шпанија – Јапонија 26:22 (10:11)

Табела: 1.Шпанија 6, 2.Хрватска 6, 3.Македонија 4, 5.Исланд 2, 5.Јапонија 0, 6.Бахреин 0

ГРУПА А

Србија – Бразил 22:24 (11:14)

Русија – Германија 22:22 (10:12)

Франција – Кореја 34:23 (17:16)

Табела: 1.Франција 6, 2.Германија 5, 3.Русија 4, 4.Бразил 2, 5.Србија 1, 6.Кореја 0

ГРУПА Ц

Тунис – Чиле 36:30 (18:15)

Норвешка – Австрија 34:24 (16:13)

Данска – Саудиска Арабија 34:22 (17:11)

Табела: 1.Данска 6, 2.Норвешка 6, 3.Австрија 2, 4.Тунис 2, 5.Чиле 2, 6.С.Арабија 0

ГРУПА Д

Унгарија – Катар 32:26 (16:11)

Аргентина – Египет 20:22 (9:8)

Шведска – Ангола 37:19 (19:14)

Табела: 1.Шведска 6, 2.Унгарија 5, 3.Катар 2, 4.Ангола 2, 5.Египет 2, 5.Аргентина 1

Scroll to Top