Челниците на Валенсија, во обид да најдат излез од резултатската криза, му поставиле ултиматум на тренерот Марселино Гарсија Торал.
Услов Марселино да остане на функцијата е осмина-финалниот реванш во Купот против Спортинг Хихон. Валенсија по првиот меч има негатива 1:2, а реваншот ќе го игра вечерва од 21:30 часот на својот стадион.
Валенсија оваа сезона се претплати на нерешени резултати, на крајот од првиот дел во Ла Лига, екипата на Марселино има по четири победи и порази и дури 11 нерешени резултати.
Валенсија е на 11 место на табелата со 23 бода. Инересно помалку порази од Валнесија имаат само Барселона (два) и Атлетико Мадрид (еден).