Екс-капитенот на Манчестер Сити, Јаја Туре е во преговори за премин во тимот на шкотски Селтик, информираат медиумите на Островот. Тој на крајот на минатата година беше отпуштен од грчки Олимпијакос поради лошата форма во која се наоѓаше.
Во Селтик настапува родениот брат на Јаја, Коло Туре кој заедно со него настапуваше и кај „Граѓаните“.
„Селтик е голем клуб, но пред конечната одлука морам да разговарам со Роџерс (Брендон Роџерс, тренерот на Селтик) и да ги видам плановите“ – изјави Јаја Туре.
Фудбалерот има три титули во Премиер лигата, освои 3 титули во Лига купот на Англија и во ФА купот, а замина од Манчестер по несогласувањата со тренерот Пеп Гвардиола.