Барселона, според информациите на радиото „Кадена Копе“, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ.
Истиот извор пренесува дека Јовиќ, во конкуренција на неколкумина грачи (Вернер, Пјонтек, Долберг…), бил означен како идеално решение во иднина да го замени Луис Суарез.
Наводно Барселона за српскиот репрезентативец нуди сума од 35 милиони евра, а трансферот требало да го заврши генералниот директор на клубот, Пеп Сегур.
Барселона ќе има голема конкуренција во својот обид да го реализираат трансферот на Јовиќ, бидеќи интерес за него не го кријат Баерн Минахен и Реал Мадрид.
Јовиќ се уште не е играч на Ајнтрахт, туку е позајмен од Бенфика, но германскиот клуб на крајот од сезоната ќе го откупи неговиот договор за 12 милиони евра. Оваа сума Ајнтрахт и Бенфика ја договориле пред две години кога Јовиќ се согласил да од Португалија да се пресели во Германија.
Лука Јовиќ, по првиот дел од сезоната во Бундеслигата, се наоѓа на првото место на листата на најдобрите стрелци заедно со Пако Алкасер од Борусија Дортмунд. Србинот и Шпанецот досега постигнале по 12 гола во Бундеслигата.