Top Sport

Гвангжу го откупиле договорот на Паулињо

Фудбалскиот клуб Гвангжу Евергранде од Барселона го откупиле договорот на Паулињо и со Бразилецот потпишале постојан договор, објави портпаролот на каталонскиот клуб.

Паулињо, по завршувањето на Светското првенство во Русија, втор пат во кариерата се пресели во Гвангжу. Кинезите со Барселона договориле Бразилецот да биде позајмен на една сезона, меѓутоа по само шет месеци решиле да платат 42 милиони евра колку што изнесувала неговата клаузула за откуп на договорот.

Пред две години, летото во 2017 година, Барселона на Гвангжу им платија 40 милиони евра за Паулињо.

Паулињо е четвртата најголема продажба на Барселона по Нејмар (222 милиони евра), Луис Фиго (60 милиони) и Алексис Санчез (45 милиони).

Инаку покрај Паулињо челниците на Гвангжу се заинтересирани за уште еден Бразилец од Барселона. Станува збор за Малком, за кого Кинезите понудиле 50 милиони евра.

Каталонците ја разгледувале и оваа понуда и веројатно е дека ќе ја прифатат бидејќи крилниот напаѓач не ги исполни очекувањата и вложените 40 милиони евра.

Scroll to Top