Серена Вилијамс за 71 минута игра избори пласман во третото коло на Австралија опен. Американката во второто коло ја победи Јуџини Бушар од Канада 6/2, 6/2.
Помладата од сестрите Вилијамс иако имаше проблеми со сервисот, особено во првиот сет, без проблем успеа да ја совлада атрактивната Бушар (73. на ВТА листата).
Со фестивал на брејкови започна мечот, во раната фаза беа видени шест брејка, но Серена сепак успеа лесно да го добие првиот сет.
Во вториот кога Американката го најде вистинскиот ритам и со два брејка стави точка на мечот.
Серена во наредното коло ќе игра против Украинката Дајана Јестремска која во три сета успеа да ја елиминира Шпанката Карла Суарез-Наваро. Јестремска мечот со 23.носителка со 6/3, 3/6, 6/1.