Арон Ремзи, играч на Арсенал и репрезентативец на Велс, потпишал пет годишен договор со Јувентус, објавија „Гардијан“ и „Скај Спорт Италија“. Ремзи минатата недела успешно ги минал лекарските прегледи.
Иако го ставил својот потпис на договорот, Ремзи дресот на Јувантус ќе го носи од сезоната 2019/2020. По завршувањето на оваа сезона тој ќе се пресели во Торино како слободен играч.
Бидејќи Јувентус нема да плати ниту цент за него, тој во Торино добил финансиски договор. Велшанецот ќе има одишна плата од 8,5 милиони евра, што значи дека во клубот поголема плата од него ќе има само Кристијано Роналдо.
На реализaција на овој трансфер инсистирал тренерот Масимилијано Алегри, кој смета дека Ремзи одлично ќе функционира во редот на врска заедно со Миралем Пјаниќ и Блез Матуиди.