Top Sport

УЕФА: Реал е првиот тим кој потрошил 400 милиони евра на плати!

УЕФА по деветти пат го откри својот извештај за рангирање на фудбалските клубови, откривајќи кои 20 клубови даваат најмногу пари за плати на фудбалерите и на другите вработени од 2009 година досега.

Во извештајот со наслов „Описот на европската фудбалска клупска ситуација“, се покажува дека платите раснат најмногу од почетокот на собирањето на овие податоци од 2010 година, а не е изненадувачки што богатите англиски клубови се прилично застапени, иако повторно се покажува дека еден е „кралскиот клуб“ – Реал Мадрид е на врвот со 406 милиони евра исплатени на плати (како прв клуб со над 400 милиони евра).

„Клубовите имаат свои приходи, но во исто време вложуваат во инфраструктура и во поседи, делумно благодарение на финансискиот фер-плеј (ФФП) на УЕФА. Првпат, инвестициите во стадионите на клубовите надминаа 1 милијарда евра во 2016 година“, вели претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Зад Реал Мадрид се Барселона со 378 милиони евра, по што следуваат англиските гиганти Манчестер сити (334) и Манчестер јунајтед (306). Ова се четирите клубови кои исплатиле над 300 милиони евра во плати.

На листата има и мали изненадувања – на пример Волфсбург, Кристал палас, Лестер сити и Саутемптон потрошиле повеќе пари од седумкратниот европски шампион Милан, кој е на 20-тото место.

ТОП 20 ПО ИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ ОД 2009

1.Реал Мадрид 406 милиони евра

2.Барселона 378 милиони евра

3.Манчестер сити 334 милиони евра

4.Манчестер јунајтед 306 милиони евра

5.Баерн Минхен 276 милиони евра

6.Пари Сен-Жермен 272 милиони евра

7.Јувентус 264 милиони евра

8.Челси 256 милиони евра

9.Ливерпул 244 милиони евра

10.Арсенал 234 милиони евра

11.Борусија Дортмунд 178 милиони евра

12.Атлетико Мадрид 178 милиони евра

13.Интер 155 милиони евра

14.Тотенхем 148 милиони евра

15.Рома 145 милиони евра

16.Волфсбург 139 милиони евра

17.Кристал палас 133 милиони евра

18.Лестер сити 132 милиони евра

19.Саутемптон 131 милиони евра

20.Милан 128 милиони евра

Scroll to Top