Дејвид Бекам се врати во Париз во петокот наутро за доручек со еден посебен фудбалер, француската ѕвезда Килијан Мбапе.
43-годишниот Бекам дел од својата кариера помина во Пари Сен-Жермен, клубот каде што сега игра 20-годишниот Мбапе и не пропушти шанса да се сретне со една од најголемите млади ѕвезди во светот на фудбалот и да го види златниот медал од Светското првенство, еден од ретките трофеи кои му недостасува во кариерата.
„Беше огромно задоволство да се сретнеш со светски шампион, голем фудбалер, но пред сè, голем човек. Секогаш сакам да се вратам во Париз, едно до моите најомилени места на светот, а ова утро беше уште поубаво. Го видов медалот на Килијан и знам дека моите деца малку ќе ми љубоморат“, напиша Бекам.
Мбапе го врати поздравот.
„Доручек со легендата. Беше вистинска чест да те запознаам, бидејќи ти си ни инспирација на сите“, напиша Мбапе.
View this post on Instagram