Top Sport

Рикардо се отвори за заминувањето од Ред бул

Даниел Рикардо минатата година направи едно од најголемите изненадувања со неговиот трансфер од Ред бул, тим со кој редовно победуваше последните три сезони, во фабричкиот тим на Рено, тим кој уште е „стабилно“ во средниот ред на Ф1.

Австралиецот дури осум пати не заврши трка минатата година со Ред бул, но сега отворено признава дека се сомневал во успешноста на соработката со Хонда. Ред бул по долга соработка (период во кој освоија четири светски титули) од 2019 се разделува со францускиот производител Рено, за да се обиде со партнерство со Хонда, кои пак имаа тригодишна несреќна соработка со Мекларен.

„Ред бул сакаа да ми дадат двегодишен договор, а бидејќи веќе се размислував дали сакам да останам таму, тоа ми беше премногу. Бев загрижен дали ќе ми биде мотивацијата на место, посебно бидејќи почнуваа со работа со Хонда, и ако тоа не функционира ќе ме чекаше година фрустрации. Дали сакав уште една таква година? Потоа дојде предлог за една година, но така не добивав ништо. Затоа, на крајот, таму немаше ништо за мене“, изјави Рикардо во интервју за магазинот „Рејсер“.

Scroll to Top