Top Sport

Атлетико тврди: Гризман си „игра“ со Јунајтед

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Черезо е сигурен дека Антоан Гризман ќе остане негов играч и покрај „играта“ на Манчестер јунајтед околу францускиот напаѓач.

Гризман во текот на целото лето беше поврзуван со трансфер за големи пари на „Олд Трафорд“, меѓутоа тоа не можеше да се оствари откако Атлетико добија ембарго на трансфери. Гризман потоа го обнови договорот до 2022 година, но тоа не ги намали шпекулациите.

Се верува дека 26-годишниот Гризман ќе замине од „Ванда Метрополитано“ на крајот на сезоната 2017/18, но Черезо вели дека не го „пуштаат“.

„Направивме голем напор да го задржиме него и другите играчи. Проблемот со Гризман е во тоа што имаше многу вести за другите важни европски клубови кои сакаат да го земат. Гризман е и ќе остане играч на Атлетико. Сезоната  започна лошо, но има уште многу до крајот на сезоната. Дали Гризман флертува со Јунајтед? Кој важен играч не игра такви игри?“, вели Черезо во интервју за „Марка“.

Фановите на Јунајтед пак, беа импресионирани од својот играч Пол Погба, кој беше на дружба со Гризман додека тој настапува за Франција, нарекувајќи го повторно „агентот“ Погба.

??

A post shared by Antoine Griezmann (@antogriezmann) on

Scroll to Top