Килијан Мбапе ги загрижи навивачите на Пари Сен-Жермен по импресивната 9:0 победа над Генгам во саботата, кога изјави дека е можен трансфер во Реал Мадрид во иднина, иако во моментов се чувствува „многу среќен“ во францускиот шампион.
Во Мадрид, секако, долго време го следат 20-годишниот напаѓач и тој постојано е поврзуван со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, посебно по импресивниот настап на Светското првенство во Русија, каде со „триколорите“ ја освои титулата.
Мбапе постигна хет-трик во саботата и со победата ПСЖ е на врвот на табелата во Франција со 13 поени предност. Тој има 17 гола во Лига 1 и вкупно 21 во сите натпреварувања оваа сезона.
„Мене ми е добро во Париз, но во фудбалот никогаш не знаеш што носи иднината. Среќен сум од тоа како се одвиваат работите во Пари Сен-Жермен, а имам договор до 2021 година така што засега не размислувам за други работи“, изјави Мбапе за шпанскиот весник „АС“.
Фото: ЕПА