Top Sport

ВАР не функционираше и го разбесни Анри: Затоа загубивме

По катастрофалниот 1:5 пораз дома од Стразбур во саботата, тренерот на Монако, го остави Тјери Анри бесен, откако тој беше забележан како навредува еден противнички фудбалер, а посебно лутината ја насочи кон ВАР системот за помош на судиите.

ТВ снимките го покажуваат поранешниот француски великан како го навредува фудбалерот на Стразбур , откако гостите не покажаа милост кон Монако кои останаа со 10 фудбалери откако Налдо доби црвен картон во седмата минута. Со овој резултат, клубот кој беше шампион пред три сезони е на претпоследното место со 15 поени во 21 меч и без домашна победа.

Монако губеа со 2:1 по еден час игра, кога судијата не досуди пенал кој го налути Анри бидејќи тоа беше момент кој го „сврти“ мечот.

„Кога го прашав четвртиот судија зошто не ја разгледа снимката, тој ми кажа дека ВАР не работи. Сакав да знам зошто е така. Губевме со 2:1 во тој момент и можевме со пеналот да го свртиме натпреварот“, вели Анри за „Л’Екип“.

И тренерот на Стразбур, Тјери Лори потврди дека имал проблем со ВАР.

„На полувремето ми кажаа дека ВАР нема да работи некое време. Ова не е првпат да се случи оваа сезона. Жал ми е за Тјери Анри, но понекогаш технологијата се расипува“, вели Лори.

Ново понижување за Анри и Монако (видео)

Scroll to Top