Top Sport

Боксерот Баду Џек со хорор-повреда изддржа 12 рунди (галерија/видео/вознемирувачки)

Шведскиот професионален боксер Баду Џек доби страшна повреда на главата при поразот од Маркус Браун во средно-тешка категорија во „МГМ Арената“ во Лас Вегас како пред-меч на дуелот Пакјао-Бронер

Инцидентот се случи во седмата рунда кога двајцата боксери се удрија со главите – Браун помина без повреда, но Џек доби неверојатна исеченица на челото, по што судијата направи пауза за раната да се санира и на крајот зачудувачки беше одлучено дека не се работи за сериозен проблем и мечот продолжи.

По ова, раната се отвори кога непоразениот Браун го погоди со аперкат, а по уште една пауза, уште позачудувачки, мечот повторно продолжи. 35-годишниот Боксер едвај гледаше од крвта која му течеше на очите, и по крајот на мечот тој веднаш заврши во болница.

Во неделата, Џек се јави на социјалните мрежи, објаснувајќи дека добил 25 конци на раната, покажувајќи фотографии.


Scroll to Top