Top Sport

Македонија се намачи, но го победи Чиле

Македонија официјално го заврши настапот на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска со пласман на 15. место, откако многу потешко од очекувањата со 31:30 (16:16) го победи Чиле во мечот за пласман во „Ланксес арената“ во Келн.

Македонската репрезентација во поголемиот дел од мечот имаше предност, но таа ретко одеше над гол-два разлика (максималната беше +3), за во финишот на мечот, јужноамериканската репрезентација да поведе и со два разлика (24:26). Сепак, момците на селекторот Раул Гонзалес на крајот не дозволија сензација и го завршија Мундијалот со победа.

Нашата игра повторно беше потпрена на капитенот Кирил Лазаров, кој постигна дури 9 голови, Дејан Манасков имаше осум, а Стојанче Стоилов пет. Кај Чилеанците, Салинас ни направи најмногу проблеми со седум гола.

Scroll to Top